Почина новинарот и основач на „Време“ Милош Васиќ

Милош Васиќ / Фото: Време

Еден од основачите на белградскиот неделник „Време“, новинар, колумнист и аналитичар, Милош Васиќ почина денес по долго и тешко боледување, соопшти редакцијата на „Време“.

Васиѓ е роден во 1947 година, а со новинарство почнал да се занимава во 1969 година. Пред да го основа неделникот „Време“ 15 години работеше во НИН од каде си замина поради притисоци од тогашниот режим на Слободан Милошевиќ.

Во трите децении на „Време“ Васиќ ги покриваше сите важни настани во Србија и на просторот на некогашна Југославија.

 

Видео на денот