Почина Нино Черути на 91-годишна возраст, модниот дизајнер заслужен за успехот на Армани и лежерниот шик во машката мода

нино черути
Фото: Принтскрин / Instagram

Пионерот во машката мода, италијанскиот моден дизајнер Нино Черути, почина на 15 јануари на својата 91-годишна возраст. Иконичниот дизајнер кој го препозна талентот на младиот Армани и кој облече многу холивудски ѕвезди во неговите најславни денови, е заслужен за воведување на „лежерен шик“ во машката мода кога ја создаде првата деконструирана јакна во 1970-тите.

Тој почина во болницата Верчели во северозападниот регион Пиемонте, каде што неговото семејство водеше семејна фабрика уште од 1881 година. Според информациите на италијанскиот дневник „Corriere Della Sera“, Черути бил примен на операција на колкот, но детали околу причината за смртта не се објавени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CERRUTI1881 (@cerruti1881)

Черути беше еден од водечките ликови во машката ready-to-wear мода во 20 век, со изглед кој истовремено беше стилски и опуштен.

„Сакам мажите да бидат послободни во нивната елеганција, и поелегантни во својата слобода“, рече тој еднаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nino cerruti (@ninocerruti_)

Висок и тенок, Черути секогаш инсистираше тој да биде првиот што ќе ги проба своите креации, од кои многу ги чуваше во фабриката за волна што ја основал неговиот дедо во северниот град Биела во 1881 година.

„Отсекогаш сум ја облекувал истата личност – јас самиот“, рече тој еднаш.

Како што е во тек миланската модна недела за мажи, бројни почести и трибјут обраќања беа одадени за дизајнерот.

„Гигант меѓу италијанските претприемачи нè напушти“, рече Жилберто Пикето, заменик министер за економски развој.

Во саботата, Карло Капаса, шефот на Националната комора за италијанска мода, тагуваше за смртта на „најубавиот човек во Италија“. Тој го нарече дизајнерот, кој често се гледа на неговите ревии во неговиот препознатлив жолт џемпер, „голем иноватор, креативен визионер и претходник на многу реалности денес“ во модата.

„Тој зад себе остава големо наследство: храброста да се инвестира и да се верува во младоста. Тој беше оној кој веруваше во многу млад Џорџо Армани.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Italia (@elle_italia)

„Најубавиот човек во Италија“

Роден во 1930 година во Биела, Черути сонувал да стане новинар. Но, откако неговиот татко починал кога имал 20 години, тој бил принуден да се откаже од студиите по филозофија за да ја преземе семејната текстилна фабрика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ingo Nahrwold (@ingo_nahrwold)

Во 1960-тите го запознал Џорџо Армани и го ангажирал како креатор на машка мода. Дуото остави длабока трага во светот на модата, пред Армани да се разграни со сопствената модна куќа во 1975 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ingo Nahrwold (@ingo_nahrwold)

Черути ја отвори својата прва продавница во Париз во 1967 година, лансирајќи го својот луксузен бренд на патот кон светската слава.

„Облеката постои само од моментот кога некој ќе ја облече. Би сакал оваа облека да продолжи да живее, да го впие животот“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesca (@transgenica)

„Филозоф за облека“

Додека француските студенти се бунтуваа во мај 1968 година, тој направи револуција во модата барајќи од машките и женските модели да одат по модната писта во иста облека.

Панталоните им дадоа слобода на жените“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Portal Petro Pupe (@portalpetropupe)

Тој ја создаде својата прва линија на женска облека во 1970-тите, гранка на бизнисот што две децении подоцна ќе претставува една петтина од нејзиниот приход. Потоа се префрлува на парфеми, часовници, чевли и накит.

Човекот наречен „филозоф на облеката“ ги облече американските актери Ричард Гир и Роберт Редфорд, како и француската ѕвезда Жан Пол Белмондо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandrine Le Gregam (@so_dandy_mens)

Тој, исто така, имаше камео настапи во холивудските филмови „Cannes Man“ (1996) и „Holy Man“ (1998).

Во 1990-тите, од неговата модна куќа беше побарано да биде официјален дизајнер на Формула 1 тимот на Ферари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nino cerruti (@ninocerruti_)

Борејќи се да остане во чекор со висококонкурентниот свет на луксузната мода како независен бизнис, тој ја продаде својата етикета „Cerruti 1881“ на италијански инвеститори во 2001 година. Потоа ја презеде американски инвестициски фонд, а потоа и кинеската групација Тринити.

По продажбата се вратил во семејната куќа во Биела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот