Почина музичкиот продуцент Фил Спектор

Instagram

Американскиот музички продуцент Фил Спектор почина на 82 година, додека издржуваше затворска казна за убиство, пренесува „Би-Би-Си“.

Спектор, ја трансформираше поп сцената и беше едно од најистакнатите имиња во музичкиот свет во 1960-тите години создавајќи безврменски хитови. Соработувал со „Beatles“, Тина Тарнер, „Beach Boys“, Леонард Коен, Џон Ленон, Брус Спрингстин и многу други.

Instagram
Instagram

Фил им обезбеди одлична кариера на многу уметници во 1960-тите како „Crystals“ и „Ronettes“ вклучувајќи ги и хитовите „Be My Baby“и „Baby I Love You“.

Instagram
Instagram

Затвореникот Филип Спектор, почина во здравствената установа во Калифорнија, во 6:35 часот во сабота, на 16 јануари 2021 година…“, беше дел од соопштението до јавноста.

Странските медиуми пишуваат дека причина за смртта на Спектор е коронавирусот, имено тој боледувал од ковид-19 веќе четири недели.

Instagram
Instagram

Неговиот слевен живот на крај се уништи од зависности од дрога и алкохол, и тој се повлече од музичката сцена во периодот меѓу 1980-тите и 1990-тите години.

Во февруари 2003 година, актерката Лана Кларксон беше пронајдена мртва во неговата куќа во Алхамбра, Калифорнија. За нејзиното убиство првообвинет беше токму Спектор и беше осуден за убиство од втор степен и му беше изречена доживотна затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот