Почина момчето кое беше повредено во сообраќајката на патот Тетово-Скопје

Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

Почина 19-годишниот Бојан Смилески, еден од тројцата повредени во сообраќајната несреќа што се случи во четвртокот на стариот пат Тетово-Скопје.

Тој им подлегнал на повредите на клиниките во Скопје каде беше хоспитализиран по несреќата.

СВР Тетово во четвртокот информираше дека сообраќајната несреќа се случила кај месноста таканаречена „требошки натпатник”. Се судрија товарно возило „мерцедес” со тетовски таблички управуван од Х.А (48) од Голема Речица и патничко возило „опел корса”. Сега починатиот Бојан беше сопатник во корсата, а повреден беше и неговиот другар Мартин Бошкоски, роден 2001 година, исто од Сараќино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот