Почина младиот спортист и голем борец Трајан Целески Тачо

фото: Охрид њуз

Младиот спортист од Охрид, Трајан Целески Тачо по повеќе од двегодишна борба со туморот на мозокот ја загуби најважната битка, објави „Охрид њуз“.

На Тачо во 2016 година кога му беше дијагностициран тумор на мозокот. Тој не се откажуваше, со неговиот ведар дух, позитивна мисла и голема поддршка еднаш успеа да ја совлада болеста и после долга борба со тешката болест се врати на спортските терени, но за жал, за кратко.

Болеста се врати и по третата операција неговата здравствена состојба стануваше се полоша. Трајан Целески-Тачо боледуваше од тумор Астроцитома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот