Почина Мира Марковиќ

Во Москва, Русија денеска почина Мира Марковиќ, сопруга на починатиот српски претседател Слободан Милошевиќ. Таа починала во болница околу 15 часот.

Поранешната претседателка на партијата ЈУЛ последните месеци од животот ги минала во болница во Русија, каде и биле извршени неколку операции.

Марковиќ беше осудена на една година затвор од судот во Белград за злоупотреба на функцијата, но таа пресуда неодамна беше поништена од Апелацискиот суд кој нареди процесот да започне од почеток. Таа ја напушти Србија во 2003 година кога замина во Русија, каде доби политички азил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот