Почина медиумскиот магнат Самнер Редстоун, сопственик на Си Би Ес, МТВ, Парамаунт…

Фото: EPA

Американскиот медиумска магнат Самнер Редстоун, во чие царство се Си Би Ес и Виаком, почина вчера вечер во 97. година од животот, соопшти денеска семејниот холдинг Нешнал Амјузментс.

Претседател на управниот одбор на Си Би Ес и Виаком беше до 2016 година, кога поради нарушено здравје отстапи од должноста, додека неговото семејство, мнозински сопственик, се бореше за контрола со раководството на тие компании.

Тие две компании кон крајот на 2019 година станаа дел од друштвото кое управува со телевизиските мрежи Си Би Ес, МТВ, Комеди Централ, Никелодион и Шоутајм и со филмските студија Парамаунт и Мирамакс, како и со издавачката куќа Симон и Шустер.

Друштвото според приходите може да се мери со најголемите американски телевизиски и филмски компании како што се Дизни, Тајм Ворнер и 21-ст Сенчури Фокс.

Медиумскиот магнат е роден како Сумнер Мјури Ротштајн во Бостон во 1923 година, а презимето, од еврејско потекло го смени во 1940 година во Редстоун. Дипломирал на Харвард и во Втората светска војна бил припадник на разузнавачката служба на американската војска.

Во 1954 година се вработил во фирмата која ја основал неговиот татко, на која ѝ го промени името во Нешнал Амјузментс и ја претвори во еден од најголемите оператори во САД, која подоцна придонесе за популаризација на мултиплекс кината.

Бидејќи во 1979 година преживеа пожар, во 1980-тите и 1990-те водеше незаборавни битки за преземање на контрола над филмските студија Парамаун, а потоа и над телевизиските мрежи Виаком (сопственикот на МТВ) и Си Би Ес.

Виакон во 2000 година ја презеде Си Би Ес, но компаниите повторно се раздвоија во 2006 година.

Самнер Редстоун се женеше двапати, има две деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот