Почина Мартин Ли од групата „Бродерхуд оф мен“, која ѝ донесе победа на Велика Британија на Евровизија

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Пејачот Мартин Ли, кој со групата „Бродерхуд оф мен“ ѝ донесе победа на Велика Британија на Евровизија во 1976 година со песната „Save Your Kisses For Me“, почина на 77-годишна возраст, пренесува „Дејли стар“.

Музичарот почина од срцева слабост по „кратко боледување“, потврди поп групата на социјалните мрежи.

Групата му оддаде почит на нивниот „голем пријател“ преку соопштение на Фејсбук.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот драг пријател и колега, Мартин Ли од ‘Бродерхуд оф мен’, кој почина мирно во неделата на 29 септември 2024 година, од срцева слабост по кратко боледување, Мартин имаше 77 години“, пишува во соопштението.

Мартин го пееше главниот вокал на победничката песна на Евровизија во 1976 година „Save Your Kisses For Me“, која беше број 1 во 31 земја и влезе во Гинисовата книга на рекорди за најпродавана евровизиска песна на сите времиња, како и најголем победник по процент од гласовите.

Мартин Ли е роден како Мартин Барнс на 26 ноември 1946 година во Лондон. Тој беше во брак со колешката од бендот Сандра Стивенс 45 години и ги напиша повеќето од нивните хитови. Бендот настапуваше до 2020 година, кога и официјално се пензионираа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот