Почина „Мама Рамбо“, мајката на Силвестер Сталоне

Мајката на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, Џеки Сталоне почина на 98 години. Иако деталите првично не ѝ беа познати на јавноста, извори блиски до семејството Сталоне за „TMZ“ ја потврдија веста дека таа починала.

Кратко потоа веста ја потврди и нејзиниот син Френк преку социјалните мрежи. Тој потврди дека неговата мајка починала во сон, како што посакувала и дека ќе му недостасува засекогаш.

Покрај 74-годишниот Силвестер и 70-годишниот Френк, Џеки го напушти и сопругот Стивен Маркус, со кого помина повеќе од две децении.

Џеки Сталоне со синот Френк / Instagram

Силвестер и неговиот брат се деца од бракот со нејзиниот покоен сопруг Френк Сталоне постариот.

Џеки беше мајка и на актерката Тони Д`Алто, која ја доби со нејзиниот поранешен сопруг Ентони Филити, која почина на 48-годишна возраст по тешката борба со рак на дојка.

Џеки роди три деца кои се прославија во Холивуд, меѓутоа и самата таа го најде својот пат до ѕвездите.

Џеки Сталоне со синот Силвестер / Instagram

Таа беше една од клучните креатори на телевизиското шоу „G.L.O.W., The Gorgeous Girls of Wrestling“, што се емитуваше во текот на 80-тите години. Отсекогаш го сакала фитнесот и женските натпревари во кревање тегови.

Џеки беше првата жена што има своја телевизиска емисија за вежбање и кревање тегови во Вашингтон. Потоа таа отворила своја сопствена теретана за жени, наречена „Barbella’s“.

Но, нејзината најголема страст била астрологијата. Таа во 1989 година ја објави и книгата „Star Power: An Astrological Guide to Supersuccess“ на која работела цели 15 години, во соработка со бројни астролози.

Вежбаше до самата смрт, за што зборува и фактот што често објавуваше видеа на својот Инстаграм профил како крева тегови.

Самата се нарекуваше „Мама Рамбо“, „Мама Сталоне“ и „Мама Роки“ оддавајќи почит на акционите улоги на нејзиниот син Силвестер.

Instagram

Беше популарна на социјалните мрежи благодарение на холивудскиот животен стил и своето неверојатно младешко однесување!

Дека сакала да изгледа што е можно помлада, сведочат и бројните естетски операции на кои се „навлекла“ уште од младоста кога била професионална танчерка. Сите тие операции на крај направија нејзиното лице засекогаш да остане изобличено.

„Се чувствувам како верверица со уста полна со лешници. Сѐ уште ги користам сите можни средства за да изгледам што подобро, но се чини дека постигнувам спротивен ефект. Премногу пати вбризгував филери и затоа сега изгледам како верверица чија уста е полна со лешници“, изјави таа пред неколку години во едно интервју, обвинувајќи го нејзиниот пластичен хирург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот