Почина македонскиот фудбалски судија Беким Баута!

фото: ffm.mk

Поранешниот македонски фудбалски судија Беким Баута, кој долги години беше еден од истакнатите фудбалски арбитри во македонската Прва лига почина денеска после тешка болест.

Баута беше интернационален судија со знакот на ФИФА и долги години судеше на натпреварите во македонската лига.

Беким Баута беше дел и од Управиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Беким Баута е роден во 1961 година.

Погребот ќе се одржи денеска во 15:00 часот во родната Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот