Почина Мајкл Константин: Актерот се прослави со улогата на Гас Портокалос во филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“

Фото: Instagram

Неговата кариера започна со учество во неколку ТВ – серии, а славата пристигна со серијата „Соба 222“, која се емитуваше од 1969 до 1974 година. Со неа пристигна и Еми наградата во 1970 година. Меѓутоа, вистинскиот успех Мајкл Константин го постигна благодарение на улогата на Гас Портокалос, таткото со грчко потекло во филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“, филм кој доживеа глобален успех и кој во 2002 година заработи 330 милиони евра ширум светот. Големиот успех на филмот доведе до вториот дел снимен во 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Zoubris (@jzoubris)


Мајкл Константин почина на 94 -годишна возраст по долга борба со болеста.

Светот на киното и телевизијата се збогува со уште еден голем лик: на 31. август почина Мајкл Констатин, актерот најпознат по улогата во филмот „Мојата голема дебела грчка свадба“, почина на 94 години, откако се бореше долго против болест. Веста пристигна доста подоцна од неговата смрт, а ја пренесе неговата агентка, Јулија Бучвалд, на Си – Ен -Ен.


Семејството на актерот изјави дека Мајкл Константин починал во Ридинг, Пенсилванија, по долго искушение; а по веста за неговата смрт стигнаа пораки на сочувство, вклучувајќи ги и оние на Ниа Вардалос, протагонистка и сценаристка на легендарната „Моја голема дебела грчка свадба“. Во твит, актерката рече дека Мајкл бил како татко на актерската екипа, со кого, како и во филмот, станале семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот