Почина мачката Гли, симболот на Аја Софија

Instagram

Познатата истанбулска мачка Гли, која стана планетарно позната како симбол на Истанбул и Аја Софија, го напушти овој свет.

Гли беше убава европска мачка со малку закосени очи и кралски став. Живееше во вековните sидови речиси 16 години и стана омилена меѓу туристите.

Instagram

Информацијата дека Гли умрела ја потврди гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, кој претходно во неколку наврати споделуваше фотографии од познатата истанбулска мачка.

Многу сум тажен бидејќи Гли нè напушти. Од 24 септември беше на лекување на ветеринарната клиника во истанбулскиот кварт Левент. За жал, Гли почина поради својата старост. Никогаш нема да те заборавиме“, напишал Јерликаја.

Гли дури имаше и свој профил на Инстаграм, кој го водеше Умут Бахчечи, која беше туристички водич во Аја Софија додека беше музеј.

Најпознатата мачка од Истанбул: Гли 16 години живее во Аја Софија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот