Почина Лик Монтање, францускиот Нобеловец и откривач на HIV вирусот

Лик Монтање
EPA/JULIEN WARNAND BELGIUM OUT

Францускиот вирусолог и Нобеловец, Лик Монтање, човекот кој го откри HIV вирусот, почина на 89 годишна возраст во париско предградие – јави Њујорк Тајмс.

Oгромната слава ја стекна откако го откри вирусот кој предизвикува сида, но подоцна се одалечи од академскиот круг и се впушти во необични експерименти кои дури ја доведоа во прашање и самата наука.

За време на пандемијата со коронавирусот, отворено беше против вакцините.

Нобеловата награда ја доби во 2008 за истражување на HIV-вирусот, а тврдеше дека коронавирусот е настанат по вештачки пат.

„Болеста ковид-19 е создадена во лабораторија во Вухан која е специјализирана за истражување на коронавирусот, уште од минатата деценија. Научниците веројатно во него внеле RNK од HIV во потрага по вакцина против тој вирус, и дошло до манипулација. Не знам како излегол од лаборатотијрата, за тоа е виновен можеби некој волшебник“- иронично изјави тој во 2020.

Монтање во гостувањето на TV CNews имаше дадено неколку контроверзни изјави кои „кренаа прашина“, а тврдењата ги демантираа од Пастеровиот институт во Париз, на кој за време на откривањето на HIV вирусот, во 1983 Монтање бил началник на Одделението за вирусна онкологија.

Повеќе од 10 години беше во судир со научната заедница. Откако ја прими Нобеловата награда, Монтање во 2009 година изјави дека силниот имунитет е доволен во борбата против HIV, истражувајќи го во голем дел од својата кариера. Потоа изнесе теорија дека и водата има паметење.

Видео на денот