Почина легендата на Ф1, Стирлинг Мос, најдобриот возач без титула

Легендарниот британски возач, сер Стирлиг Мос, почина на 91-годишна возраст по долго боледување, пренесоа англиските медиуми.

Сер Стирлинг Мос се смета за најдобриот возач во историјата на Формула 1 кој никогаш не ја освои титулата. Мос во јануари 2018 година се повлече од јавниот живот поради здравствени проблеми и помина 134 дена во болница по инфекцијата која ја доби во Сингапур две години претходно.

Тој во Ф1 се натпреваруваше од 1951 до 1961 годна и за тоа време славеше на 16 од 66 трки на кои учествуваше.

Во периодот од 1955 до 1961 година, Мос четири пати завршуваше како второпласиран во генералниот пласман, а три пати беше трет.

Најблиску до титулата беше во 1958 година кога остана пократок за само еден бод во однос на својот сонародник Мајк Хауторн.

А, токму во 1958 година, сер Стирлинг Мос, направи фер плеј потег со што од судиите бараше да ја укинат дисквалификацијата која ја заработи Хауторн на трката за Големата награда на Португалија.

Чувствував дека нешто не е во ред и приложив доказ кој оди вокорист на Мајк и реков дека не треба да биде дисквалификуван. Му ги дадоа бодовите и така тој стана светски шампион – изјави Мос во интервју во 2009 година.


Би-Би-Си во 1961 година го прогласи за спортска личност на годината, а освен во Ф1 настапуваше и во останати автомото наптреварувања и успеа да оствари 212 победи од вкупно 529 трки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот