Почина легендарниот комичар, девет години се борел со ракот

Фото: Профимедиа

Легендарниот стенд-ап комичар Норм Мекдоналд починал во понеделникот на 61-годишна возраст по долгата борба со ракот, пишува „Дедлајн“.

Како што соопштила неговата долгогодишна партнерка и пријателка Лори Џо Хекстра, тој дури девет години се борел со ракот.

– Тој беше горд на своите шеги и никогаш не сакаше дијагнозата да влијае на тоа како го гледа публиката или неговите најблиски. Ужасно ќе ни недостасува – рекла таа.

Мекдоналд не се занимаваше само во стенд-ап комедија – глумеше во филмови, но и ја напиша книгата „Врз основа на вистинска приказна – Не се мемоари“. Познатите личности честопати зборуваа за него дека тој е еден од најчитаните и најпаметните луѓе во Холивуд.

Со години имал проблеми со коцкањето, па дури и двапати целосно банкротирал, за што често зборувал гостувајќи на телевизија.

Од 1993. до 1998. година, тој го уредувал „Викенд апдејт“, дел од популарното шоу „Сабота вечер во живо“, каде што се шегувал и без влакна на јазикот се занимавал со актуелнитете настани.

Токму поради тоа, наводно, и добил отказ. Со месеци, тој безмилосно го коментирал судењето на О. Џ. Симпсон, познат спортист кој ладнокрвно ја уби својата сопруга и нејзиниот љубовник. Она што Норм не го знаел е дека Симпсон бил пријател со Дон Олмаер, претседателот на телевизиската мрежа Ен-би-си за Западниот брег, кој му дал отказ.

Норм Мекдоналд од 2013 година бил домаќин на видеоподкастот „Норм Мекдоналд во живо“, каде што му помагал младиот комичар Адам Игет, кој честопати бил главна цел на шегите на Норм и предмет на потсмев на познатите гости, вклучувајќи ги Фред Столер, Лари Кинг, Били Боб Торнтон, Тим Ален и многу други.

Сметал дека не постои тема којашто е недопирлива за комедија – без разлика дали станува збор за рак, кој на крајот и го уби, терористичкиот напад на 11 септември, Хилари Клинтон или спонзорите кои го финансираа неговото шоу.

Комичарот Ник Мален, од подкастот „Кам Таун“, можеби најдобро го опишал Норм, велејќи во една прилика дека тој е „совеста којашто модерната комедија одамна ја загубила“, бидејќи никогаш не се грижел за политичката коректност или за тоа дали ќе навреди некого, тој само сакал да ги насмее луѓето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот