Почина легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо

Легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо почина на 88-годишна возраст.

Уметникот почина денеска, изјавил неговиот адвокат за агенцијата Франс Прес. Според медиумите, тој извесно време бил во лоша состојба, а во 2001 година доживеал срцев удар

Белмондо се прослави за улогите во 1960 -тите во француските филмови наречени  „Нов бран“.

Особено импресивни се неговите улоги како симпатични криминалци во „До последниот здив“ и „Лудиот Пјер“ на Жан – Лук Годар. Има глумено во повеќе од 90 филмови.

Пред 20 години,  доживеа мозочен удар по што се пензионираше, за да се врати во 2008 година со улога во филмот „Човекот и неговото куче“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот