Почина легендарниот Бора Станковиќ

Долгогодишниот генерален секретар на ФИБА и член на Интернационалниот олимписки комитет почина во Белград на 95-годишна возраст.

Борислав Бора Станковиќ речиси целиот живот го посвети на кошарката. Тој беше активен кошаркар од 1946 до 1953 година кога го носеше дрест на Црвена Звезда и на Партизан, за потоа во тренерската кариера да ги предводи екипите на Партизан, итлаијанскиот Канту и ОКК Белград.

Како играч и како тренер три пати беше шампион на тогашната СФР Југославија и еднаш ја освои титулата во Италија.

Од 1976 до 2002 година беше генерален секретар на ФИБА и е еден од најзаслужните за зголемувањето на популарноста на кошарката во целиот свет.

ФИБА под негово водство воведе бројни правила како што се воведувања на линијата за тро поени, воведување на четири четвртини на натпреварот и промена на димензиите на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот