Почина Ларс Вилкс: Контроверзниот уметник познат по карикатурите на Мухамед

Почина Ларс Вилкс, контроверзниот карикатурист/ Фото EPA-EFE/DAVID LETH WILLIAMS

Ларс Вилкс, шведскиот уметник познат по карикатурите на Мухамед, кои ги објави во 2007-ма година, загина во сообраќајна несреќа, пишува Би-Би-Си.

Ларс Вилкс наводно бил во цивилно полициско возило што се судрило со камион во близина на градот Макарида на југот на Шведска.

Покрај него, загинале и двајца полицајци, а возачот на камионот е полесно повреден.

Сообраќајката на Ларс Вилкс/ Фото EPA-EFE/JOHAN NILSSON SWEDEN OUT

Живеел под полициска заштита

Вилкс (75) живеел под полициска заштита откако со години се соочуваше со смртни закани.

Во полициското соопштение се наведува дека се уште не е јасно како дошло до судирот, но нема индикации дека некој друг бил вмешан.

Почина Ларс Вилкс, контроверзниот карикатурист/ Фото EPA-EFE/BJORN LINDGREN

Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100 илјади долари за неговото убиство.

Тој претходно преживеал обид за атентат во Копенхаген во едно кафуле, откако двајца непознати напаѓачи пукале кон него . Напаѓачите убиле едно лице и раниле тројца полицајци пред да побегнат. Вилкс не бил повреден во нападот.

Пред неколку месеци почина и Курт Вестегард, кој беше познат по истите карикатури како и Вилкс. Но, за разлика од Вилкс, тој починал по долго боледување.

Почина Курт Вестергард, авторот на карикатурите што предизвикаа бес кај муслиманите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот