Почина култниот режисер Жан Лик-Годар

Фото: Wikimedia Commons

Култниот режисер Жан Лик-Годар почина денеска на 92-годишна возраст, јавија светските медиуми.

Француско-швајцарскиот режисер беше клучна фигура во Новиот бран (Nouvelle Vague) во кинематографијата, движење кое направи револуција во филмот во доцните 50-ти и 60-ти години.

Годар ќе остане запаметен по неговиот навидум импровизиран стил на снимање, како и по неговиот неуморен радикализам.

Роден во Париз во 1930 година, Годар пораснал и се школувал во Нион, на брегот на Женевското езеро во Швајцарија. Враќајќи се во Париз по дипломирањето во 1949 година, Годар пронашол природно живеалиште во интелектуалните „кино-клубови“ кои процветале во француската престолнина по војната и се покажал како столб на францускиот нов бран. По средбата со критичарите Андре Базен и идните колеги-режисери Франсоа Трифо, Клод Шаброл и Жак Ривет, Годар почнал да пишува за нови филмски списанија. Годар уште од самиот почеток имал бунтовничка нота, бранејќи го традиционалното холивудско снимање филмови и промовирајќи ги луѓето како Хауард Хокс и Ото Премингер пред помодерните личности.

Годар исто така го почитувал Хамфри Богарт, кој ќе се појави во неговиот прв долгометражен филм, легендарниот „Без здив“, објавен во 1960 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот