Почина „кралицата на теленовелите“: Благодарение на Делија Фиало ја гледавме култната серија „Касандра“

Делија Фиало
Фото: Инстаграм

Писателката и сценаристка родена во Куба, Делија Фиало, која се смета за мајка на латиноамериканските теленовели, почина на 96-годишна возраст, пренесува „Нова“. Фијахо починала во својот дом во Корал Гејблс, Флорида, опкружена со нејзините деца.

Писателката за само пет дена ќе го прославела својот 97-ми роденден, изјавила за „Асошиејтед Прес“ жената, која се грижела за Делија веќе три години. Сепак, тоа не ја открива точната причина за смртта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani)


Меѓу популарните телевизиски хитови на Фиало се „Кристал“, „Касандра“, „Леонела“, „Лучесита“, „Росалинда“, „Перегрина“, „Есмералда“.

Теленовелите на Фиало се преведени на многу јазици и гледани од милиони гледачи ширумс светот.


Делија Фиало ја започнала својата кариера во 1950 година. Своето прво телевизиско сценарио го напиша во 1957 година. Фиало ја завршила последната од своите четириесет и три теленовели, „Кристал“, пред повеќе од три децении.

Во интервју од 2018 г. авторката споделила дека сака луѓето да ја паметат како „личност кој многу сакала и бил многу сакана“, забележува „Франс прес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот