Почина конгресменот кој беше клучен во истрагата која се води против Трамп

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Конгресменот од редовите на демократите, Илајџа Камингс од Мериленд, познат по тоа што ја водеше истрагата против американскиот претседател Доналд Трамп, почина во 68. година од неговиот живот.

Според соопштението од неговиот кабинет, тој починал поради компликации кои настанле од долгогодишните здравствени проблеми со кои се соочувал, пренесува „АП“.

Камингс, роден како син на земјоделец, во текот на неговата кариера стана важен член на Претставничкиот дом и претседавачкиот Одбор за надзор и реформи кој ја водеше истрагата против Трамп.

Тој се залагаше за сиромашните и за заедницата на афро-американците, а со претседавачкиот Одбор предводеше повеќе истраги за договори кои ги потпишувала американската влада, како и истрагата за членовите на семејството Трамп кои работа во Белата куќа.

Се сметаше за клучна фигура во процесот за отповикување (импичмент) на Трамп кој го започнаа демократите пред неколку недели, но поради болеста не можеше да учествува во работата на Конгресот. Во јавноста не е познато со какви здравствени проблеми се соочувал, само дека имал проблеми со срцето и колената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот