Почина Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште

По долго и тешко боледување, вчера во Скопје почина Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште.

Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар. Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Ревизор“ и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл „Свирачот на покрив“.

Играше во многу македонски филмови како „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Време води“, „Пресуда“, „Мисија Лондон“ и многу други, како и во бројни ТВ-серии како „Илинден“, „Волшебното самарче“, „Во светот на бајките“, но и во популарните македонските народни приказни и „Трврдокорни“, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешвски.

Соработуваше со повеќе национални телевизии и оствари бројни проекти во нивните продукции.

Погребот ќе се одржи денеска во неговиот роден град Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот