Почина карикатуристот и куратор Лазо Плавевски

Фото: Музеј на современа уметност

По кусо боледување, на 68 години почина карикатуристот, историчар на уметноста, куратор и ликовен критичар Лазо Плавевски, соопшти Музејот на современата уметност.

Роден во 1954 во Скопје, Плавевски остави значајно творечко наследство во текот на својата повеќе од четиридецениска професионална активност, а до пензионирањето во 2021 работеше како кустос-советник во Музејот на Град Скопје.

Како куратор, Плавевски има организирано голем број самостојни и групни изложби на современи македонски автори, беше редовен соработник на списанието за визуелни уметности „Големото стакло“ и автор на бројни текстови и осврти за современата македонска уметност.

Карикатури почна да објавува во 1970, а во 1976 ја доби Гран при наградата на Светската галерија на карикатури во Скопје. Ги има објавено книгите „Нема книга / карикатури 1990-1993“ и „Картички“ (заедно со Мирослав Грчев).

На 16 април минатата година, во МСУ беше отворена неговата самостојна изложба „На тенок мраз“, на која беа презентирани околу 200 оригинални и дигитални принтови на карикатури, што од 2015 ги објавуваше на сајтот „Окно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот