Почина јапонскиот моден дизајнер Исеј Мијаке

Исеј Мијаке
Исеј Мијаке / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонскиот моден дизајнер Исеј Мијаке, основач на истоимената модна куќа, почина на 84-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.

„Тој почина вечерта на 5 август“, соопштија од неговата канцеларија во Токио, без да даде повеќе детали.

Кариерата на Иси Мијаке траеше повеќе од половина век, а тој е познат по своите креации инспирирани од технологијата и парфемите.

Тој е роден во Хирошима во 1938 година, па како момче бил сведок на експлозијата на атомската бомба во тој јапонски град. За ова прозборе пред десет години во едно интервју бидејќи не сакал да го нарекуваат „дизајнер кој ја преживеал атомската бомба“.

„Кога ги затворам очите, сè уште гледам работи што никој не треба да ги доживее: светло-црвената боја, црниот облак веднаш потоа, луѓе кои трчаат во секоја насока очајно обидувајќи се да избегаат – се сеќавам на сè“, во таа прилика изјави Мијаке. „Во рок од три години мајка ми почина од радијација“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот