Почина јапонскиот дизајнер кој беше задолжен за неверојатните костими на Дејвид Боуви!

инстаграм

Јапонскиот дизајнер Кансаи Јамамото кој беше одговорен за креациите на Дејвид Боуви – особено за „Ziggy Stardust“, почина од леукемија на 76-годишна возраст, објави неговата фирма.

Тој бил роден во 1944 година во Јокохама, а во 1971 година станал првиот јапонски дизајнер кој имал ревија во Лондон. Во своите авангардни колекции со впечатливи бои, тој комбинирал и различни јапонски мотиви, помеѓу останатите и оние од кабуки театарот.

инстаграм

Кариерата сепак му ја дефинирала соработката со Дејвид Боуви со кој имал долгогодишно креативно партнерство.

Средбата со Боуви после концерт во Њујорк ја довел до тоа да креира облека за Зиги Стардаст, алтер егото на Боуви, кој прв пат се појавил на насловната на албумот „The Rise And Fall Of Ziggy Stardust And The Spiders From Mars“.

инстаграм

Тој бил пријател со Елтон Џон и Стиви Вондер, вели неговата фирма.

Потврдувајќи ја веста за неговата смрт, неговата ќерка Мираи рекла дека нејзиниот татко „го напушти овој свет во мир, опкружен со своите блиски“.

инстаграм

„Во моите очи, татко ми не беше само еклектична и енергична душа како што светот го познава, туку и внимателен, искрен и приврзан“, напишала таа.

Јамамото починал минатиот вторник после борба со акутна леукемија. Во меѓувреме тој бил погребан, а јавноста од него ќе може да се опрости накнадно.

инстаграм

„Луѓето имаат енергија без граници“, било неговото мото, напишала фирмата во соопштението кое го објавила.

инстаграм

„Додека се бореше со болеста, цело време беше позитивен, никогаш не ја изгуби страста кон креирањето“, додале.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот