Почина италијанската комичарка Франка Валери: Пред девет дена го прослави 100-от роденден

Раф Валоне, Франка Валери, Тина Пика и Софија Лорен/Profimedia

Познатата италијанска комичарка Франка Валери почина денеска во Рим.

Profimedia

Нејзината ќерка, оперската пејачка Стефанија Бонфадели, за „Кориере дела сера“ изјавила дека мајка ѝ починала мирно во сон.

„Почина во сон, девет дена откако го прослави 100-тиот роденден“, изјави нејзината ќерка.

Обожавана од Италијаните, особено по нејзините улоги во периодот од 50-тите до 70-тите години, прво на радио, а потоа и на телевизија и на филм, Валери беше софистицирана, интелигентна комичарка на постовоеното италијанско општество.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела испратил телеграма со сочувство во која вели дека Валери е сестрана и многу талентирана, популарна актерка која ќе остане во срцата на Италијанците.

Раф Валоне, Франка Валери, Тина Пика и Софија Лорен/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот