Почина хрватскиот продуцент на „Шиндлеровата Листа“ и „Гладијатор“

Фотографија: Profimedia

Филмскиот продуцент Бранко Лустиг почина утрово на 88-годишна возраст во Загреб, пренесува Национал.

Прочуениот хрватски филмаџија, кој има работено на бројни домашни и холивудски филмови, освои два Оскари – за „Шиндлеровата листа“ на Стивен Спилберг и „Гладијатор“ на Ридли Скот. 
Како дете тој има ги има преживеано хорорите од концентрациониот логор Аушвиц.

Profimedia

„Бевме многу добри и многу го почитував. Тој без разлика на големината или наградите, беше брилијантен. Многу млад започнав да работам со него на разни серии. Беше врвен коментатор и нема нешто што не знаеше кога станува збор за филмот. Кога ќе се собереше друштво, тој секогаш располагаше со највеќе податоци. Ќе го паметам како голем човек и врвен филмски работник“, изјавил театарскиот глумец Миљенко Брлечиќ (69) за порталот 24сата.

Profimedia

Во својата кариера добил низа значајни меѓународни признанија, пример во 2014 година претседателот на Франција му ја доделил титулата на Витез на редот на уметноста и книжевноста, а истата година бил и меѓу 50 најдобри светски филмски продуценти на сите времиња, како 29-ти на листата на угледното списание The Daily Beast.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот