Почина хрватскиот продуцент на „Шиндлеровата Листа“ и „Гладијатор“ – Слободен печат
ЕспресоМагазинФилм и ТВ

Почина хрватскиот продуцент на „Шиндлеровата Листа“ и „Гладијатор“

Прочуениот хрватски филмаџија, кој има работено на бројни домашни и холивудски филмови, освои два Оскари - за „Шиндлеровата листа“ на Стивен Спилберг и „Гладијатор“ на Ридли Скот. 

Филмскиот продуцент Бранко Лустиг почина утрово на 88-годишна возраст во Загреб, пренесува Национал.

Прочуениот хрватски филмаџија, кој има работено на бројни домашни и холивудски филмови, освои два Оскари – за „Шиндлеровата листа“ на Стивен Спилберг и „Гладијатор“ на Ридли Скот. 
Како дете тој има ги има преживеано хорорите од концентрациониот логор Аушвиц.

Profimedia

„Бевме многу добри и многу го почитував. Тој без разлика на големината или наградите, беше брилијантен. Многу млад започнав да работам со него на разни серии. Беше врвен коментатор и нема нешто што не знаеше кога станува збор за филмот. Кога ќе се собереше друштво, тој секогаш располагаше со највеќе податоци. Ќе го паметам како голем човек и врвен филмски работник“, изјавил театарскиот глумец Миљенко Брлечиќ (69) за порталот 24сата.

Profimedia

Во својата кариера добил низа значајни меѓународни признанија, пример во 2014 година претседателот на Франција му ја доделил титулата на Витез на редот на уметноста и книжевноста, а истата година бил и меѓу 50 најдобри светски филмски продуценти на сите времиња, како 29-ти на листата на угледното списание The Daily Beast.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close