Почина хрватската и европска писателка Дубравка Угрешиќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Денес, на 73 годишна возраст почина познатата хрватска писателка, преведувачка, есеистка, филмска и телевизиска сценаристка, Дубравка Угрешиќ.

Дубравка Угрешиќ се етаблираше како една од најистакнатите европски книжевнички и есеистки. Од нејзините рани постмодернистички дела, преку елегичното соочување со распаѓањето на нејзината југословенска татковина и промените после паѓањето на Берлинскиот ѕид, до записите за популарната и книжевната култура, нејзиното дело е обележано со ретка комбинација на иронија, полемичност и сочуствителност.

Изложена на јавен прогон и медиумско шиканирање, ја напушта Хрватска во 1993 година. Од тие причини секогаш се позиционираше како транснационална и постнационална писателка и се застапуваше за правото на авторите и авторките да не признаваат и да не ги почитуваат етничките и националните граници.

Нејзини најпознати наслови се: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Форсирање на романот река“, „Култура на лагите“, „Баба Јага снесе јајце“, „Лисица“.

Во егзил кој со текот на времето стана емиграција, нејзините книги се преведени на бројни јазици. Предаваше на повеќе американски и европски универзитети, вклучувајќи го и Харвард, UCLA, Колумбија и Слободниот универзитет во Берлин. Добитничка е на важни книжевни признанија меѓу кои и НИН-овата награда и Меѓународната награда за книжевност „Neustadt“.

Дубравка Угрешиќ живееше и работеше во Амстердам.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот