Почина холивудскиот актер Џорџ Рос Робертсон,

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Почина Џорџ Рос Робертсон, актерот најпознат по улогата на Шефот Херст во „Полициската академија“, објави „Мирор“. Имаше 89 години.

Овој актер го паметиме по улогата на шефот Херст во комедијата „Полициска академија“ која во осумдесетите години беше вистински хит. Тој глумеше во шест филмови од таа франшиза. Потоа оствари улоги во „Бебето на Розмари“, „Аеродром“ и „Норма Рае“.

„Неговото семејство потврди дека тој починал во болница во Торонто минатата недела, а комеморацијата е планирана за подоцна во март“, објави „Мирор“.

Робертсон е роден во Брамптон, Онтарио во 1933 година. Магистрирал за бизнис, но Џорџ чувствувал дека е предодреден да глуми, па продолжил да работи во театарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот