Почина херојот од Чернобил: Се изложи на смртоносна радијација по експлозија на нуклеарката, го уби ковид-19

Фото: ft.com

Пилотот на хеликоптерот, рускиот генерал Николај Антошкин, кој своевремено се изложуваше на смртоносно ниво на радијација за да ги намали штетните ефекти од катастрофата во нукеарната електрана Чернобил, почина од ковид-19 во 78 година од животот.

Тој командуваше со операцијата за сузбивање на зрачењето од нуклеарниот реактор 4 на електраната Чернобил во близина на Припјат, Украина, кој експлодира како последица на голем електричен удар.

Откриеното реакторско јадро го прекри западниот дел на тогашниот СССР и Европа со радиоактивни честички по катастрофата што за многумина стручњаци е најголема во историјата што е предизвикана од човечка грешка.

Антошкин под своја комамнда имаше флота од 100 хеликоптери кои исфрлаа песок, бор и друг материјал од воздух, со цел да ја намалат радијацијата од соголеното реакторско јадро. Операцијата траеше околу две недели, а сите пилоти беа директно изложени на зрачење и чад што од реакторот завршија во атмосферата.

Во рамки на операцијата, Антошкин исфрлил околу 5.000 тони материјал за гасење на огнот што беснееше. При првиот прелет над соголениот реактор, рускиот генерал почувствувал гребење во грлото и неверојатен нагон за повраќање. Хеликоптерите по операцијата биле толку радиоактивни, што подоцна морале да ги закопаат. Денови и недели по катастрофата, 28 т.н. „предатори“ кои беа ангажирани на сузбивање на ширење на радијацијата, починаа од труење од зрачењето.

По експлозијата на реакторот, беа евакуирани над 100.000 лица и беше утврдена забранета зона за пристап од 30 километри што и денеска е на сила. Двајца работници загинаа во моментот на експлозија во реакторот додека 134 беа хоспитализирани поради акутно труење со зрачење.

Последиците од зрачењето се чувствуваат и денеска. Во, речиси, пола од количините на пченица, на јачмен и на други житарки што се тестирани во Иванково, на 80 километри од Киев, научниците утврдиле небезбедна концентрација на стронциум 90 и на цезиум 139.

Генерал Антошкин служеше 30 години во руското воено воздухопловство пред да стане пратеник во руската Дума. Воениот ветеран стана пратеник на владеачката партијата „Единствена Русија“ од 2014 година. Починал од „тешка болест“, пренесе „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на изјава на претседателот на рускиот парламент. Според Сергеј Неверов, лидер на пратеничката група „Единствена Русија“ во парламентот, Антошкин бил примен во болница поради ковид-19.

Преземено од blic.rs 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот