Почина „херојот на отпорот во Сараево“, генералот Јован Дивјак

Фото: ELVIS BARUKCIC / AFP / Profimedia

Херојот на отпорот во Сараево, генералот Јован Дивјак после долго боледување од рак на панкреасот почина на 84-годишна возраст, пренесе белгискиот дневен весник „Ла Либре“.

„Овој српски генерал на југословенска ЈНА, школуван во Белград, беше дипломиран на Офицерското училиште на Француската армија. Тој одлучи да остане во опсадно Сараево на 6 април 1992 година, додека другите српски генерали заминаа во Пале, каде што беа концентрирани силите на босанските Срби, кои пукаа кон градот “.

Ла Либре пишува дека Јован Дивјак станал „архитект на одбраната на Сараево“.

„Тој собра илјадници недоволно опремени волонтери и маргинализирани водачи на банди кои ја презедоа контролата над градот под опсада за да ја обезбедат првата линија на одбрана од агресорите. Насекаде, три години, од 1992 до 1995 година, имаше тенкови, топови, снајперисти кои пукаа кон цивили, како и полицајци. Опсадата на Сараево однесе животи на скоро 5.000 луѓе. За време на опсадата, дневно се бележеле просечно 329 удари со граната“, потсетува белгискиот весник.

Оваа посветеност доведе до негово апсење, на 3 март 2011 година, на аеродромот во Виена. Меѓународната потерница е издадена од белградскиот режим за наводни „воени злосторства“. Австрија одби да ја испочитува српската потерница, па набрзо Јован Дивјак излезе на слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот