15 C
Скопје

Почина Хелен Мекрори ѕвездата од „Peaky Blinders“

Актерката Хелен Мекрори, која се здоби со меѓународна слава со улогата на Поли Греј во хит-серијата „Peaky Blinders“, и во филмовите за „Хари Потер“ почина денес на 52-годишна возраст по „херојската битка со ракот“, соопшти нејзиниот сопруг Дејмијан Луис.

„Со тешко срце објавувам дека по херојската битка со ракот, убавата и моќна жена Хелен Мекрори почина мирно дома, опкружена со бран од љубов од семејството и пријателите,“ напиша тој на Твитер, пишува Sky News.

Тој додаде дека таа починала исто и како што живеела – храбро.


„Среќни сме што ја имавме во нашите животи. Оди сега малечка, ти благодарам за се”, напиша тој.


Нејзината дијагноза на карцином претходно не и беше позната на јавноста.

Мекрори исто така беше позната и по улогите во сериите „Penny Dreadful“ и „Ана Каренина“, но беше присутна и многу други филмски, телевизиски и театарски остварувања.

Многумина на социјалните мрежи се збогуваат со актерката пишувајќи пораки со сочувство до нејзиното семејство.

Поврзани вести

ФОТО: Двојничката на Кејт Мидлтон заработувала 1.000 фунти дневно и се обезбедила за цел живот

Слободен печат

ФОТО: Принцот Чарлс ја исфрли Меган, со интимната фотографија ѝ удри шлаканица

Слободен печат

Србинка намамена на брак во Италија, завршила како сексуална робинка, се отрула за да побегне

Слободен печат

Ве боли раката по вакцинирањето? Постои едноставно објаснување за тоа

Слободен печат

Сузана Манчиќ со потресна исповед: Изгубив три сина, родив еден во шестиот месец од бременоста!

Слободен печат

ФОТО: „Јас се викам Ивана“: Девојчето од спотот на Здравко Чолиќ носи голема болка во себе

Слободен печат

Остави Коментар