Почина градскиот лик Драги Шпага, ја изгуби битката со ракот

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Познатиот скопски градски лик, Драги Христов – Шпага, почина по кратко и тешко боледување. Почина на 52 годишна возраст.

Драги бил погребан во текот на вчерашниот ден (30 мај) во кругот на најблиските пријатели и семејството.

Фото: Facebook/ Dragi Hristov Spaga

Според информацииите кои медиумите ги објавуваат, на Драги му бил дијагностициран рак на белите дробови. Во текот на пандемијата, имал проблеми и со Ковид-19.

Фото: Facebook/ Dragi Hristov Spaga

Пошироката македонска јавност го запозна Драги Христов – познат како Драги Шпага во 2004 година. Тој учествуваше во едно од првите реални шоуа во Македонија, „Тоа сум јас“. Ријалитито се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“. Драги победи на натпреварот и доби автомобил.

Драги беше препознатлив и по периките кои ги носешее, а исто така важи и за првиот македонски порно актер, откако беше дел од филмот за возрасни „Жена ми Мира пак мастурбира“, во продукција на македонски секс-шоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот