Почина Горан Гаврилов, основач на радиото „Канал 77“

Во четврток ненадејно како последица на кардиоваскуларни проблеми на 55-годишна возраст почина Горан Гаврилов, основач и управител на националното радио „Канал 77“.

Гаврилов беше еден од пионерите во новиот медиумски простор по осамостојувањето на Македонија во 1990-те години. Радио „Канал77“ започнува со својата работа на 4 октомври 1991 година, кога по неколкумесечно емитување на експериментална програма, во Штип, радиото официјално почна со емитување на сопствена програма. Сè до 1995 година, Канал 77 работи како локално радио, кога во периодот од 1995—1997 година се гради мрежа за покривање на на Македонија.

Гаврилов, исто така, беше основач на АПЕММ, асоецијацијата на приватните електронски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот