Почина пејачот Ѓоко Дончев – доајен на македонската народна музика

Почина пејачот Ѓоко Дончев, кој важеше за еден од најистакнатите вокали на македонската народна музика.

Тој беше присутен на македонската сцена од 25 години. Со своите песни ја забавуваше целата македонска јавност и во подоцнежните години.

Во текот на неговата музичка кариера соработувал со врвни изведувачи и композитори, пеејќи голем дел од македонските фолк песни.

Дончев остави вечна трага во македонската народна музика со својата музикалност, и зад себе остави безвременски хитови како „Сношти Кате“, „Чуј ги куме свирачите“, „О доме мој“ и многу други.

Ѓоко Дончев е роден во Валандово, на 2 мај 1949 година, а почина во Скопје вчера, 15 јануари 2021 година.

Семејството известува дека неговиот погреб ќе се одржи утре 17 јануари, на градските гробишта во Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот