Почина главниот осомничен за убиството на Александар Литвиненко

Дмитри Ковтун, главен осомничен за смртта на рускиот дисидент Литвиненко / Фото: Скриншот Јутјуб

Дмитри Ковтун, еден од двајцата Руси обвинети од Британија за труење на критичарот на Кремљ Александар Литвиненко во Лондон во 2006 година, почина од ковид-19 во болница во Москва, објави новинската агенција ТАСС.

Литвиненко почина неколку недели откако пиеше зелен чај со радиоактивен полониум-210 во лондонскиот хотел Милениум, каде што се сретна со Ковтун и со уште еден осомничен, Андреј Луговој.

Британските инспектори пронајдоа траги од полониум на местата во Лондон каде што се наоѓале двајцата мажи, вклучувајќи канцеларии, хотели, авиони и фудбалскиот стадион на Арсенал. Тие негираа дека го труеле, а Русија одби да ги екстрадира на судење.

Литвиненко, британски државјанин, беше поранешен офицер на КГБ, кој стана отворен противник на рускиот претседател Владимир Путин. На смртната постела тој го обвини Путин дека го наредил неговото убиство, но Кремљ секогаш негирал каква било вмешаност.

Судијата во британската истрага за случајот во 2016 година заклучи дека убиството е операција на руската шпионска агенција ФСБ, веројатно одобрена од тогашниот директор на ФСБ Николај Патрушев и Путин. ТАСС го цитира Луговој, сега истакнат член на рускиот парламент, кој вели дека жали за смртта на „близок и верен пријател“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот