Почина генерал-мајор Ристо Дамјановски, првиот министер за одбрана во експертската Влада од последици на вирусот ковид-19

 По кратко и тешко боледување од Ковид-19 во текот на вчерашниот ден почина првиот министер за одбрана и член на експертската Влада по прогласувањето на независноста на Република Македонија, генерал-мајор, проф. д-р Ристо Дамјановски.

Дамјановски е роден во Доленци, Демирхисарско, 1937 година. Тој е основач и декан на првата Воена академија „Генерал Михајло Апостолски”. Завршил највисок степен на воено образование во Белград, Политичката школа на ЈНА и Висока военополитичка академија, а докторирал на Универзитетот во Скопје и станал прв доктор на воено-историски науки на тема „Воените аспекти на Македонското националноослободително движење” на Филозофскиот факултет во Скопје. Напредувал од поручник до генерал и од учител до универзитетски професор. Бил претседател на Општински комитет на НММ, член на СКЈ, секретар на Комитетот на СКЈ во полк, во дивизија, на подрачје на Армија и на Комитетот на СКМ во Касарната „Стив Наумов” во Гарнизонот Битола. Подоцна бил помошник на командантот на Територијалната одбрана на СРМ, предавач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и виш предавач на Правниот факултет во Битола по Основи на општонародната одбрана на СФРЈ. Бил член на Извршниот совет и Републичкиот секретаријат за општонародна одбрана.

Исто така, учествувал на поголем број научни симпозиуми и има објавено преку педесеттина трудови. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и на „4-ти Ноември” награда за едногодишна работа и наградата „Гоце Делчев” за највисоки дострели во науката .

Погребот е извршен денеска на гробиштата во Бутел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот