Почина Франсоа Жило на 101 година: Му беше љубовница и муза на Пикасо

Познатата француска сликарка Франсоа Жило почина на 101 година, пренесува „Асошиејтед Прес“.
Веста за смртта на сликарката ја соопштила нејзината ќерка Аурелија Енгел, која информирала дека Жило починала на 6 јуни, во болница во Њујорк, каде живеела со децении.
Иако, оваа еминетна сликарка создаде богат опус на уметнички дела, нејзиниот живот го одбележа турбулентата љубовна врска со шпанскиот сликар Пабло Пикасо.

Парот се запознал далечната 1943 година, кога Жило имала само 21 година. Во овој период, Пикасо бил признат и успешен уметник, на возраст од 60 години.
Нивната љубов никогаш не била официјална, но оставила голем белег во животот на двајцата уметници. За време на нивниот заеднички живот, Жило често била малтретиранa од сопругата на Пикасо, Олга Хохлова, а честопати и самиот Пикасо физички ја малтретирал.
Меѓутоа, таа е единствената жена која одлучила, по 10 години љубовна врска, да го напушти уметникот. По нивната разделба, таа ја напишала книгата „Животот со Пикасо“, која е доказ за специфичниот живот на познатиот сликар.