Почина фитнес-инфлуенсерот кој тврдеше дека коронавирусот не постои, само три дена по објавување слика од болница! (ФОТО)
Фитнес-инфлуенсерот Дмитриј Стужук почина од последици на коронавирусот, само неколку недели откако им рече на своите следбениците дека болеста не постои, пренесува Sky News.
Ѕвездата на социјалните мрежи, инфлуенсерот Дмитриј Стучук, кој го негираше постоењето на коронавирусот, почина од ковид-19 на 33-годишна возраст.
Дмитриј Стучук се заразил со коронавирус за време на патувањето во Турција и бил префрлен во болницата по враќањето во родната Украина, каде што тестот на вирусот покажал позитивен резултат.
Од својот профил на социјалните мрежи, Дмитриј промовирал здрав начин на живот, за што содржините ги споделувал со многубројните следбеници.
Сепак, бидејќи бил заразен со коронавирусот, тој бил пренесен во болница. Поминал осум дена на лекување, по што бил отпуштен од болницата, но неговата состојба се влошила поради компликации со срцето. Итно бил вратен во болница, а потоа неговата поранешна сопруга Софија (25) изјавила дека е во „тешка состојба и во бессознание“.
– Дмитриј има проблеми со кардиоваскуларниот систем и неговото срце не работи како што треба. Неговата состојба е исклучително тешка. Направив сè што можев за да живее таткото на моите три деца. Но, сега ништо не зависи од мене – рекла тогаш Софија.
Подоцна ја објавила веста дека нејзиниот поранешен сопруг починал.
„Неговото срце не можеше да издржи. Тој долго време беше во бесознание, лекарите се бореа за неговиот живот“, изјави неговата поранешна сопруга Софија, која ќе продолжи да се грижи за нивните три деца.
Инаку, Дмитриј Стучук претходно на социјалните мрежи објави фотографии од болничкиот кревет. Во објавата тој ги информирал своите следбеници, кои ги има дури 1,1 милион, дека дише тешко и дека го мачат отоци на вратот.
„Сакам да ги споделам информациите дека се разболев и да испратам предупредување до сите. Мислев дека ковид-19 не постои, сè додека не се разболев. Ова е тешка болест“, го сподели Дмитриј своето искуство од болницата.