Почина Фабијан О`Нил, поранешен играч на Каљари и екс репрезентативец на Уругвај

фото: EPA PHOTO/ANSA/MARIO ROSAS

Поранешниот уругвајски фудбалер Фабијан О`Нил почина во неделата на 49-годишна возраст.

Во саботата во критична состојба беше префрлен во болница во Монтевидео на интензивна нега со крварење поради хронично заболување на црниот дроб.

О`Нил ја започна својата фудбалска кариера во уругвајскиот Насионал, од кој се пресели во Каљари во 1996 година.

Во текот на четири години одигра повеќе од 120 натпревари за клубот од Сардинија, а по неуспешната епизода во Јувентус не се снајде ниту во Перуџа.

Беше играч за врска во нападот, а за најдобрата уругвајска репрезентација имаше 19 настапи и два голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот