Почина Ен Рајс, авторката на романот „Интервју со вампирот“

Фото: Профимедиа

Американската писателка Ен Рајс почина на 80-годишна возраст, опкружена со своето семејство, објавија бројни светски медиуми.

Рајс е автор на околу четириесет романи и збирки раскази, а најпозната е по делото „Интервју со вампир“.

Таа починала поради компликации предизвикани од мозочниот удар, а нејзиниот син Кристофер објави тажна вест на нејзината фејсбук-страница.

„Во нејзините последни часови седев до нејзиниот болнички кревет и се восхитував на нејзините достигнувања и храброст“, напишал меѓу другото.

Таа во текот на нејзината кариера продаде повеќе од 150 милиони книги, пишува Би-би-си. Таа го објави романот „Интервју со вампирот“ во 1976 година и веднаш стана бестселер.

Дваесет години подоцна, делото беше прикажано, а Нил Џордан им ги довери главните улоги на Бред Пит и Том Круз. Филмот имаше две номинации за Оскар, а Кирстен Данст беше номинирана за најдобра женска улога.

Intervju sa vampirom, En Rajs, Bred Pit, Tom Kruz
                                                                                          Фото: Профимедиа

Големиот успех на романот ја поттикна писателката да продолжи да се занимава со вампирите, како главен лајтмотив. Рајс ја создаде „Вампирската серија“ која вклучуваше 15 дела. Една книга од таа серија „Кралицата на проклетите“ исто така беше претворена во филм и беше доста успешна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wade Wright (@w_donovan_w)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот