Почина една од најубавите Бонд-девојки

Принтскрин

Тања Малет започнала да ја гради својата кариера како модел на 16-годишна возраст, а набрзо потоа добила и шанса да се покаже во актерските води.

Таа почина на 78-годишна возраст, а веста за смртта ја пренесе официјалниот твитер-профил за филмовите за Џејмс Бонд.

Малет останува запамтена како една од најубавите Бонд-девојки, која му беше партнерка на Шон Конери во филмот „Goldfinger“. Воедно, улогата во овој филм била нејзин прв сериозен актерски ангажман.

Иако се покажала како доста успешна во актерството, сепак на Малет повеќе ѝ се допаѓала работата во студио, со фотограф, шминкер и асистент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот