Почина една од најдобрите кошаркарки во поранешна Југославија, Жана Лелас

Жана Лелас беше дел од репрезентацијата на СФР Југославија која го освои сребрениот медал на ОИ 1988 година во Сеул/ Printscreen/Youtube

Една од најдобрите кошаркарски во СФР Југославија во 1980-тите години, денеска почина на 51-годишна возраст, јануваат хрватските медиуми.

Лелас кариерата ја започна во Сплит, долго време имаше и за репрезентацијата на поранешна СФР Југославија како и за Хрватска, а најголем успех во кариерата и е сребрениот медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. Дел од таа репрезентација беше легендата на македонската кошарка Стојна Вангеловска.
Три години подоцна го освои и сребрениот медал на Европското првенство кое се играше во Израел.

Жана Лелас покрај Сплит, настапуваше и за Јежице, Месина, Стразбур, Сарагоса, а кариерата ја заврши во 2009 година и тоа во тимот на Кроација.

Од 2016 година го водеше приватниот кошаркарски клуб, КАЖЛ (Кошаркарска академија Жана Лелас), заедно со својот сопруг Вјекослав Локица кој е фудбалски тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот