Почина еден од омилените членови на серијата „Модерно семејство“!

Тажни вести стигнуваат од сетот на неодамна завршената хит-серија „Modern Family“. Како што пренесува магазинот „People“, почина една од омилените ѕвезди на шоуто, францускиот булдог Стела, која инаку се врти на името Беатрис. Нејзин сопственик во серијата беше Џеј Причет, кој го игра 73-годишниот американски актер Ед Онил. Сепак, таа беше негова миленичка и кога камерите беа исклучени.

„Ед Онил ја обожаваше. Беше многу лесно да се работи со нив, бидејќи секогаш се грижеше и внимаваше на Беатрис. Кога снимаа сцени во дворот, покрај базенот, секогаш бараше чадор за неа за да не биде изложена на сонце“, изјавија за медиумите сопствениците на кучето, Стив и Гуин Соломон.

Инаку, за снимањето таа била спремана од страна на агенцијата „Good Dog Animals“, која се занимава со тренирање на животни пред нивниот ангажман за телевизија. Потсетуваме дека една од омилените членови на серијата се појави во 4-та сезона кога ја замени дотогашната Бриџит.

„Секогаш ја стававме во нејзиниот кафез кога не беше во сцена, бидејќи ќе трчаше низ сетот, а кога ќе дојдеше нејзиниот ред мафташе со опашката и ни требаше време да ја смириме. Останатите членови на сетот многу сакаа да си играат со неа, бидејќи беше навистина забавна. Навистина беше дел од семејството“, заклучи ожалостената сопственичка Гуин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот