Почина еден од омилените актери на 51 година

принтскрин

Арон Ајзенберг, актерот кој се прослави со улогата на Ног во серијата „Ѕвездени патеки“ почина на 51 година. Оваа вест ја потврди неговата партнерка Малиса Лонго.

– Со невидена тага и жалење изјавувам дека мојата љубов и најдобар пријател почина. Беше интелигентна, скромна, духовита и емпатична душа. Го живееше животот со страст и волја. Беше како свеж зрак од кој знаев дека секогаш ќе ја слушнам вистината. Поради него се чувствував како да сакам да бидам најдобрата верзија за себе, напиша таа.

Точната причина за смртта се уште не е откриена. Актерот зад себе ги остави синовите Кристофер и Николас Ајзенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот