Почина Димитар Николов-Таки, поранешен директор на „Браќа Манаки“

По кратко боледување, на 63-годишна возраст, почина Димитар Николов-Таки, поранешен директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола,

Покрај таа функција, Николов беше познат и како културен деец и филмски продуцент.

Димитар Николов-Таки е роден на 10 февруари 1958 година во Скопје. Заврши гимназија во „Цветан Димов“, во скопската населба Чаир, каде што и живееше. Дипломираше на Историја на Филозофскиот факултет во Скопје.

Николов во 2015 година беше поставен за директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а кај љубителите на филмот ќе остане запаметен како најскромниот директор на фестивалот.

До 2000 година живее и работи во Амстердам, по што се враќа во Македонија и продуцира неколку филмски проекти, дел од нив ги снимаше и во Битола и низ Мариово, како балкански и европски филмски проекти.

Димитар Николов-Таки беше продуцент на филмовите „Тајната книга“ , сценарио на Јордан Плевнеш и режија на Владо Цветановски, „Ах љубов моја“, „Жената на мојот живот“.

Димитар Николов-Таки беше менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот