Почина делегатот од средбата Македонија – Грција - Слободен печат
РакометСпорт

Почина делегатот од средбата Македонија – Грција

Црногорецот Небојша Вујисиќ последниот меч го имаше пред 13 дена во Струмица на средбата Македонија-Грција

Делегатот од средбата меѓу Македонија и Грција, Црногорецот Небојша Вујисиќ денеска почина од срцев удар во Австрија каде беше за да ја следи трката во Формула 1.

Вујисиќ е роден почина на возраст од 50 години, а останува запишан како еден од најдобрите судии на сите времиња во Црна Гора заедно со Предраг Павичевиќ. По завршувањето на судиската кариера во 2010 година стана делегат на ЕХФ. Небојша Вујисиќ многупати беше делегиран за натпревари во Македонија. Последниот меч го имаше на 16 јуни во Струмица на средбата Македонија-Грција.

Се работеше за голем пријател на Македонија кој за жал прерано го напушти овој свет и не успеа да продолжи со работата во ракометот во кој беше со децении.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close