Почина д-р Горан Беговиќ, претседателот на синдикатот на клиниките

„Со огромно жалење и неверување ја примив веста дека денес не напушти Асс. Д-р Горан Беговиќ dr. sci.-субспецијалист, хирург и Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија“, објави попладнево Ивица Апостолов, претседателот на Здружението на медицински лаборанти на клиниките.
Д-р Беговиќ беше вработен на Клиниката за дигестивна хирургија, а со неговиот синдикален ангажман даде голема помош во унапредувањето на статусот на здравствените работници.
„Како вработен во Клинички центар, денешната смрт на др.Беговиќ ме остава збунет, во болка и во неверување, но сигурен сум дека се она што го направи како човек и Претседател за ССКЦ, д-р Беговиќ засекогаш ќе биде дел од срцето на Синдикатот на Клинички и никогаш нема да биде дел од некое минато време, туку дел од сите нас кои сме членови во Синдикатот. За оние кои го познаваа, останува празнина во душата и како верен колега, пријател и човек со работата во ССКЦ и тоа во време кога ни беше најпотребен, но за жал денес остануваме без неговата безрезервна љубов и поддршка, без неговата емотивност и грижливост за сите колеги во Синдикатот на Клинички, но и во овие тешки моменти како членови на ССКЦ ние мораме да продолжиме по неговиот пат“, пишува Апостолов, изразувајќи длабоко и искрено сочувство до семејството на д-р Беговски за големата загуба.
Сочувство до семејството на д-р Беговиќ изрази и министерот за здравство, Фатмир Меџити.