Почина британскиот комичар Пол О’Грејди

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатиот британски комичар Пол О’Грејди почина на 67 годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот сопруг Андре Портасио кој рече дека починал во вторникот вечерта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul O’Grady (@paulogrady)

Во деведесетите водеше голем број емисии, а една од најпопуларни му беше „Шоуто на Пол О’Грејди“ „Состанок на слепо“ и „За љубовта на кучињата“. Исто така глумеше и во телевизиски серии како што се „Dr.Whо“ и „Holby City“. Кариерата му траеше повеќе од 50 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul O’Grady (@paulogrady)

„Со голема тага сакаме да ве известиме дека Пол неочекувано, почина вчера вечерта. Ве молиме, во ова тешко време да ја почитувате нашата приватност додека се справуваме со оваа загуба. Многу ќе им недостига на неговите најблиски, пријателите, семејството, животните и сите оние кои уживаа во неговиот хумор, духовитост и сочувство. Знам дека би сакал да ви се заблагодарам за сета љубов што му ја покажувавте низ годините“ рече Андре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот